Три супер начини како од обичниот вентилатор да направите „клима уред“

од Nikola Popovski
12,8K прегледи

Ако немате клима во вашата куќа, не очајувајте, туку најдете други начини. Домот можете убаво да го разладите и со класичен вентилатор доколку користите некои трикови.

Бидејќи вентилаторот само го движи воздухот околу себе, троши 90% помалку енергија од централните климатизери, а сепак ја лади куќата во лето.

„Krstarica“ предлага три супер начини како да го претворите вентилаторот во еден вид на клима уред.

Чаша со коцки мраз пред вентилаторот

Ставете широк, плиток сад пред вентилаторот и наполнете го со коцки мраз. Поладниот воздух ќе циркулира низ просторијата, а потоа само додадете нови коцки.

Шише вода од замрзнувачот

Слично е на првиот пример, но наместо коцки мраз, ставете пластични шишиња кои претходно сте ги наполниле со вода и сте ги замрзнале. Овој метод е уште подобар бидејќи имате работа со големи парчиња мраз кои ќе се топат побавно од коцките.

Ладење со помош на пешкир

Со овој метод на ладење на просторијата, можете да користите или коцки мраз или замрзната вода во шишиња. Завиткајте го едното или другото во крпа, врзете ги двата краја со конец и закачете гo помеѓу две столчиња. Ставете го пред вентилаторот. Ставете сад под пешкирот во кој ќе капе стопениот мраз.

Слични содржини