Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, секогаш изгледа совршено на фотографиите и не можевме а да не се запрашаме која е тајната на нејзината фотогеничност.
Една корисничка од Тик Ток, Кристин Бузан, открила трикови за совршен изглед на фотографиите на Кејт Мидлтон.
Таа долго го проучувала и дошла до заклучок дека војвотката изгледа совршено на секоја фотографија бидејќи користи мали тајни кои камерата ги сака.
1. Не гледа директно во камерата
Првиот трик на Кејт е никогаш да не гледа директно во камерата.
Наместо тоа, нејзиното тело е секогаш свртено кон камерата, но нејзиниот поглед е насочен на другата страна, пренесува The Sun.
2. Ангажирани раце
Другиот трик е што рацете ѝ се секогаш ангажирани. Ова е и најважниот трик бидејќи повеќето луѓе, кога се работи за сликање, не знаат како да ги наместат рацете, па најчесто им завршуваат потпрени на колковите.
Кејт обично држи букет цвеќе, чадор или чанта во рацете.
3. Начин на седење
Кога седи, Кејт ги поставува нозете така што тие се свиткани една до друга. Нејзините раменици се подигнати, колената споени, а нозете благо накосени на страна.