Тридневна диета со компири која со години е хит на интернет

од Elena Daskalova
427 прегледи

Уште на почеток е потребно да се нагласи дека оваа диета не може да биде траен начин на исхрана и токму поради тоа трае само три дена.

Со нејзина помош ќе го поттикнете телото да го забрза метаболизмот и да се ослободите од насобраните штетни материи, особено ако во изминатиот период сте јаделе потешка храна, се чувствувате тешко или само ви е потребно да го одморите организмот.

Прв ден

Појадок: Еден варен компир и една чаша јогурт
Ручек: Два варени компира и една чаша јогурт
Вечера: Две чаши јогурт

Втор ден

Појадок: Една чаша јогурт
Ручек: Два варени компира и една чаша јогурт
Вечера: Еден варен компир и една чаша јогурт

Трет ден

Појадок: Еден варен компир
Ручек: Еден варен компир и една чаша јогурт
Вечера: Една чаша јогурт

Важно е да знаете дека не треба да користите сол, а компирот не можете да го замените со пржен или печен. По овие три дена ќе забележите дека веќе се чувствувате полесно, а и апетитот ви е исконтролиран.

Слични содржини