Веројатно веќе сте слушнале дека најефикасна и најпопуларна диета во светот е онаа со портокали и јајца. Нивната комбинација можеби не звучи премногу примамливо и не го поттикнува апетитот, но оваа диета навистина треба да функционира.
Затоа не е чудно што нутриционистите го избраа ова овошје за нова, брза диета. Со оваа, инаку доста рестриктивна диета, која сигурно ќе им одговара на сите љубители на портокалот (бидејќи ова овошје е речиси се што навистина јадете во тие три дена), губите и до 1 кг дневно. Оваа диета, поточно тридневната детоксикација, природно ги намалува мастите во вашето тело и ја чисти вашата кожа, правејќи ја сјајна.
Бидејќи исхраната многу ни се менува во текот на диетата, најчесто во тој период строго се воздржуваме од „омразените“ јаглехидрати, потоа губиме многу течности, но ја намалуваме и мускулната маса. Затоа ваквите рестриктивни диети нема да бидат успешни долгорочно, бидејќи телото нема да може да издржи толку многу труд и калориски дефицит, но оваа тридневна детоксикација ќе го освежи вашето тело и ќе го наполни со нова енергија.
Важна забелешка е дека оваа диета не е погодна за оние кои немаат прекумерна тежина. Доколку спаѓате во таа категорија, а сепак сакате да го пробате, можете да го направите во поблага, прилагодена верзија и со задолжителна консултација со нутриционист или лекар.
За време на оваа диета, првиот утрински оброк е секогаш ист: еден портокал (или една круша, праска, парче лубеница или диња), два тостa, шолја кафе или чај без шеќер.
Прв ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко или јогурт
Вечера: два домати или два децилитри доматно пире, 2 варени јајца, мала главица зелена салата или краставица и два двопекa
Втор ден
Ручек: портокал, јајце, кисело млеко, два тостови
Вечера: 125 грама мелено говедско месо, домат или децилитар доматно пире, тост, шолја чај или кафе
Трет ден
Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко, мала главица зелена салата
Вечера: 125 грама мелено месо, портокали, тост, шолја кафе или чај
Дали би пробале?