Триесет дена притвор за разбојници кои претепаа жител на Ваксинце и украдоа 3.745.000 денари

од Nikola Popovski
183 прегледи

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца браќа на возраст од 25 и 18 години и нивен 28-годишен роднина, го сториле делото на 23 февруари во Куманово, кога со употреба на сила одзеле поголема сума пари од едно лице од Ваксинце. Тие го чекале оштетениот пред маркет во автомобил без регистарски ознаки.

Кога оштетениот дошол до неговото возило паркирано во близина, тројцата осомничени го нападнале и го удриле по главата, нанесувајќи му повреда од која изгубил свест.

Од багажникот на автомобилот тие одзеле две црни торби со пари во различни валути и апоени и тоа: 45.000 евра, 13.000 швајцарски франци, 150.000,00 денари, 60.000,00 српски динари, 40.000.00 албански леки, 100 бугарски лева, 800 хрватски куни и 300 турски лири, по што веднаш побегнале кон Скопје.

На овој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 3.745.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини