„Триесет години сум тренер, вакво нешто не сум видел“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
422 прегледи

Фудбалерите на Бенфика синоќа во последните секунди од натпреварот од Лигата на шампионите на Камп Ноу можеа да ја шокираат Барселона и да ги прескокнат на табелата, но швајцарскиот репрезентативец Харис Сеферовиќ промаши празна мрежа.

Никој не можеше да поверува што се случи, особено тренерот Хорхе Жесус, кој во агонија се фрли на теренот.

По мечот тој беше подеднакво разочаран, а неуспехот го прокоментира со следните зборови.

„Бенфика беше многу добра во одбраната. Точно, Барселона имаше една или две шанси за гол, но немаше шанса како Бенфика. И во ситуација кога мрежата е празна. Во триесетте години што сум тренер, никогаш не сум видел такво нешто, но се случи“, рече тој, а потоа продолжи.

„Толку години сум тренер, но никогаш во животот не сум видел некој од моите играчи да пропушти таква можност. Тоа е речиси невозможно, но тоа е фудбал. Полн е со изненадувања“.

Сепак, Бенфика се уште има шанса да ја прескокне Барселона на табелата и со тоа да ја испрати во нок-аут фазата од Лига Европа. Доколку Динамо Киев победи во последното коло на домашен терен, тогаш Барселона мора да го победи Баерн во Минхен.

Во случај Бенфика да победи, а Барселона да земе само еден бод на „Алијанц Арена“, предност има Бенфика која на домашен терен ги победи Каталонците со 3-0.

Слични содржини