Триесет проектни предлози пристигнале на јавиот повик за финансирање проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 27 се потполни. Селекцијата на проектите почнува в понеделник, а тие што ќе добијат повеќе од 51 бод ќе влезат во финална фаза.

На повикот учествувале 30 микро, мали и средни претпријатија со свои предлог проекти, а 27 од нив имаат потполни апликации. Осум од нив се однесуваат на областите „користење на енергија за греење“ и „транспорт и мобилност“, девет во областа „градежништво и урбани алтернативи“, а две апликации со повеќесекторски пристап.
Фазата на оценување и селекција на проектите започнува во понеделник на 18 декември.
Оценувањето ќе го врши Комисија составена од Јован Деспотовски, директор на Фондот, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јасмина Белчовска од УНДП, Ана Чоловиќ Лешовска од Еко-свест, Татјана Атанасовска – Горздановска од 02 Коалиција, како и две стручни лица од областа на техничкото решение и деловните планови.
Предлог-проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод премуваат во финална фаза, каде компаниите ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред Комисијата (т.н. пичинг).
Вкупниот буџет за повикот изнесува 6.000.000 денари, средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени во Буџетот на РМ.
„O2 предизвик“ беше отворен за аплицирање од 3 до 30 ноември со цел поттикнување на
иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемот со загадување на воздухот
во урбаните средини во Македонија.