Бугарската партија Има таков народ (ИТН) и нејзиниот лидер Слави Трифонов побараа враќање на ветото за Северна Македонија за прием во ЕУ.
„Ние бевме против тоа цело време. Нашиот министер за надворешни работи беше заобиколен од Народното собрание и од Кирил Петков, кој имаше свој министер за надворешни работи. И затоа тој повеќе не е премиер“, ја бранеше Трифонов поранешната шефица на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска на прашањето дали партијата чувствуваа дека е дел од вината за повлекување на ветото.
„Треба да се врати ветото за Северна Македонија, бидејќи ова е единствениот начин, механизам со кој можеме да влијаеме на антибугарската кампања во оваа земја, која добива монструозни размери“, категоричен е Трифонов во својата изјава на денешната прес-конференција на партијата.
ИТН за само година и пол од прва политичка сила падна под бариерата од 4 проценти.