257
Во рамки на четирите кривични пријави поднесени од страна на ОЈО, а адресирани до лица одговорни во Еуростандард банка за сторени кривични дела, на својот фејсбук профил се огласи и сопственикот на банката, Трифун Костовски.
„По повод наредбата на Јавното Обвинителство за истрага на 4 одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка изјавувам.
Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме.
После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели.
Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка“, истакна Костовски во својата фејсбук објава.