Мајкл Бубле и неговата сопруга Лусијана Лупилато потврдија дека поголемиот син Ноа води битка со ракот. Канадскиот пејач и аргентинскиот модел пуштија изјава на Facebook.
Тие пишуваат: “Ние сме потресени од последната дијагноза на големиот син Ноа, кој во моментов е подложен на лекување во САД. Секогаш сме ја споделувале важноста на семејството и љубовта која ја имаме кон нашите деца. Со Лусијана се откажавме од нашите кариери, за да се посветиме целосно на нашиот син. ”
Во соопштението тие молат за почит кон нивната приватност и за молитвите на фановите за нивното дете да биде добро.
Луси почуствува загриженост околу здравјето на Ноа уште во почетокот на годината, но првично сметала дека момченцето е болно од заушки. Сè уште нема детали за видот на ракот.
Двојката има и 9-месечен син Елиас.