Трик со чаша: Како да излупите варено јајце за Велигден за помалку од 10 секунди?

од Nikola Popovski
131 прегледи

Кршењето со јајца е традиција за Велигден, а вистински предизвик може да биде како ќе ги излупите потоа. Лупењето на варените јајца може да биде вистински предизвик, особено кога се уште топли, а лушпата тврдоглаво се лепи за белките. Сепак, постои едноставен трик кој ќе ви овозможи да излупите тврдо варено јајце за помалку од 10 секунди и тоа без мака и неред.

За оваа брза техника ќе ви треба само чаша и малку вода.

Како се прави тоа?

Земете една чаша и наполнете ја до половина со вода. Потоа вареното јајце ставете го во чашата додека е уште топло, но не врело. Покријте го отворот на чашата со дланката и добро протресете ја чашата над мијалникот 5-10 секунди.

Лушпата ќе пукне од сите страни и лесно ќе се одвои со едно движење.

Овој трик функционира благодарение на водата која продира под лушпата низ пукнатините настанати со пукање, што го олеснува одвојувањето на лушпата од белката. Исто така, триењето во внатрешноста на чашата го прави целиот процес уште полесен.

Слични содржини