За да успеете секој пат да испечете сочни крилца, применете едноставен трик.
Имено, пилешкото пред печење треба да го премачкате со кисело млеко, мајонез и зачини.
Сите состојки кои ви се потребни за да направите пилешки крилца се:
-шест парчиња пилешки крилца
-240 грама кисело млеко
-70 грама мајонез
-60 грама пармезан
-лажица лук во прав
-лажица слатка пиперка во прав
-половина лажичка кромид во прав
-растително масло за печење
-сол (по избор)
-билни зачини (по избор)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Втријте ја солта од двете страни на пилешкото. Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, пармезанот и сите зачини. Подмачкајте го плехот и ставете ги крилцата во него, пишува Klix.ba.
Смесата од садот рамномерно посипете ја врз пилешкото. Печете околу половина час. Пријатно!