Трик за совршени усни со кој се служи Меган Маркл

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Меган Маркл (38) стана дел од британското кралско семејство, светот ги следи нејзините јавни настапи.

За шминката на поранешната актерка се грижи шминкерот Даниел Мартин, а еден трик за убавина што Војвотката од Сасекс редовно го применува ѝ помага да го одржи природниот изглед на усните.

Имено, Меган се служи со техниката на исцртување на работ на усните со помош на молив за усни. Резултатот од овој трик е ефектот на пополни усни без додавање боја.

  • Најпрво, одберете подлога за усни, така што да биде потемна од нивната природна боја.
  • Добро наострете го моливот за усни и исцртај линија малку над природната линија на усните, но фокусирајте се на средината на усните.
  • Кога ќе стигнете до работ, држете се до природните линии.
  • Одберете нијанса слична на природната боја на усните, а потоа постепено правете волумен со цел задржување на природниот изглед на усните.

Слични содржини