ТРИКРАТНА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО АЛБАНИЈА: Полицијата пронашла запалено „БМВ“, се трага по напаѓачите

од Nikola Popovski
153 прегледи

Албанската полиција трага по сторителите на трикратна егзекуција што синоќа околу полноќ се случи во градот Мемаљај на југот од земјата.

„Albanian post“ објави дека потрагата е проширена и во областите на Ѓирокастро, Валона, Фијер и Берат.

Се наведува дека полицијата привела дел од лицата кои би можеле да бидат поврзани со тројното убиство.

По злосторството, полицијата пронашла запален автомобил марка „БМВ“ во селото Бејај, за кој постои сомневање дека им припаѓал на напаѓачите.

Се наведува дека се убиени Шиќири Калеми (74), Марсел Чела (47) и Гладио Мука (36), а Артур Калеми (57) е ранет и се наоѓа во тешка состојба.

Други албански медиуми јавуваат дека цел на нападот биле двајца членови на кланот „Калеми“, додека Чела и Мука биле келнер и посетител во локалот во кој се случил нападот.

Се посочува и дека дека Шиќири и Артур биле блиски со Адриатик Калеми, кој преживеал три ликвидации – една во Грција, една во затвор и последната во Албанија.

Слични содржини