Соседите Романија, Украина и Молдавија потпишаа договори денеска во Букурешт по трилатералниот состанок за безбедноста во Црното Море, пренесе „Бета“, повикувајќи се на „АП“.
Конференцијата за безбедност на Црното Море поради заканата од руска агресија, која се одржа во главниот град на Романија, ги собра министрите за надворешни работи и одбрана и владините претставници на трите земји.
Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску рече дека Русија е „најдиректната и најсериозната“ закана за Црното Море и за западните сојузници. Тој додаде дека Украина и соседна Молдавија, разурната од војна, „се од фундаментално значење за идната европска безбедност“.
„Наместо мир и стабилност, регионот на Црното Море стана примарна цел на руската агресија“, рече тој, додавајќи дека силно присуство на НАТО таму е „неопходно“.