Приказната за Френки де Јонг и Барселона, која трае цело лето, се претвора во вистински трилер.
Угледниот „The Athletic“ пренесува дека во средината на јули челниците на Барса ги известиле Де Јонг и неговите агенти дека има „криминални активности“ во трансферот од Ајакс, кој го извршила претходното раководство на клубот, па му се заканиле со тужба и кривична пријава ако не прифати да оди во Манчестер Јунајтед или направи драстично намалување на платата.
Во 2019 година Де Јонг дојде во Барса за 75 милиони евра.
Иако е стандарден во тимот на Чави, Холанѓанецот е голем товар за клубот, кој не може да регистрира нови играчи доколку не добие повеќе пари, што може да го направи само со продажба на играчи, или намалување на нивните плати.
Де Јонг го сака Манчестер Јунајтед, но тој не сака да оди, ниту се согласува на намалување на годишната плата.
Летово Барселона ги доведе Левандовски, Рафиња и Кунде за вкупно 150 милиони евра, како и Кеси и Кристенсен без обештетување, но не доби дозвола од Ла Лига да ги регистрира, бидејќи не ги исполнува условите на шпанскиот финансиски фер-плеј
Во овој момент, ниту еден не би можел да игра на отворањето на сезоната следниот викенд против Рахо Ваљекано.