Тринаесет сообраќајки во Скопје, патник во автобус потешко повреден

од desk4
159 прегледи

  Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во шест била причинета материјална штета. 

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и 10 возачи за некористење заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи, како и две возила за претовар. Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 261 непрописно паркирано возило.

Со помош на  специјалното возило пајак отстранети биле 57 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно – воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Аврам Писевски“, кое се наоѓа во општина Карпош .