Трипл-дабл на Леброн за нов триумф на Лејкерс

од Aleksandar Petrovski

Лос Анџелес лејкерс рано утрово забележа домашна победа над Детроит пистонс со 106:99, вообичаено најмногу по заслуга на Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

За Лејкерс ова беше 29 победа во 36 настап во досегашниот дел од сезоната, додека Детроит го претрпе 24-от пораз во својот 37-ми настап.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник:

Мајами – Портланд 122:111
Кливленд – Минесота 103:118
Феникс – Мемфис 114:121.

Лидер во Западната конференција е ЛА лејкерс со 29 победи и седум порази. На Исток Милвоки е прв со биланс 32-5.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=KqBVMqlYrOE

Слични содржини