Хјустон забележа победа во „Тојота Центар“ против Феникс со 115:109.
„Ракетите“ го предводеше Расел Вестбрук, со шестиот „трипл-дабл“ за сезонава – 24 поени, 14 скокови и 11 асистенции, со три украдени топки и две блокади.
Тој со вкупно 7.037 асистенции во кариерата го надмина Тони Паркер на вечната листа на 18-тото место.
Уште еден одличен натпревар одигра Џејмс Харден – 34 поени, додека Бен Меклемор го заврши натпреварот со 27 поени.
Домаќините на тој начин го запишаа својот четврти триумф на последните пет натпревари, вкупно 15-ти оваа сезона, додека Феникс е со скор 10-12.
Кај „сонцата“, Девин Букер беше најефикасен со 35 коша, Дарио Шариќ постигна „дабл-дабл“ – 13 поени, 12 скокови, исто како и Рики Рубио – 10 поени, 13 асистенции.
Резултати од НБА:
Далас – Њу Орлеанс 130: 84
Њујорк – Индијана 103: 104
Филаделфија – Кливленд 141: 94
Хјустон – Феникс 115: 109
Јута – Мемфис 126: 112
Пласман по дивизии:
Источна конференција:
Атлантик Дивизија: Бостон 16 победи / 5 порази, Торонто 15/6
Централна дивизија: Милвоки 20/3, Индијана 15/8
Југоисточна дивизија: Мајами 16/6, Орландо 11/11
Западна конференција:
Северозападна дивизија: Денвер 14/6, Јута 13/10
Пацифик дивизија: Л.А. Лејкерс 20/3, Л.А. Клиперс 16/7
Југозападна дивизија: Далас 16/6, Хјустон 15/7