Трипуновски: Не ми беа овозможени услови за работа во министерството за земјоделство

од Viktor Jovanov

Дополнителниот министер за земјоделство шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски во дебатата на ТВ24 се пожали дека актуелниот министер Трајан Димковски не му овозможил основни услови за работа односно канцеларија во просториите на министерството иако знаел дека ќе дојде дополнителен министер согласно техничката влада.

-Неколку пати морав преку медиумите да извршам притисок да си обезбедам елементарни услови за работа. Од префрлање на топката дури денеска на состанокот започна постапка за ослободување на канлецарија за мене, се надевам дека од утре ќе биде функционална. Се знаеше дека ќе има техничка влада и за мене е несвојствено да чекате да се изгласа заменик министер па дури тогаш да се започне постапка за канцеларија, многу одамна се знаеше дека ќе има дополнителен министер, вели Трипуновски.

На ова актуелниот министер изјави дека е одржан состанок и дека тоа прашање е решено.

Трипуновски вели дека неговиот тим е екипиран, но остануваат некои процедури за во наредните денови да отпочне со работа и кадрите да бидат ставени во функција.

-Го екипирав мојот тим, останати се уште некои процедури, во наредните денови ќе бидат ставени во функција. Мојата улога ќе ја употребам да спречам одредени злоупотреби кон земјоделците кои се случуваа изминатите години. Ќе бидам гарант дека на 12 април ќе имаме фер и демократска процедуриа и земјоделците да си кажат дали се задоволни од оваа политика на власта или ќе има промена, вели Трипуновски.

Слични содржини