169
Моите конструктивни забелешки во однос на цената на грозјето за вранец и смедеревка на лозарите од Тиквешијата, како и барањето за 2 денари дополнителни субвенции за предаден килограм грозје, вродија со плод, соопшти денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лозарите ќе добијат плус 2 денари по килограм предадено грозје благодарение на брзото реагирање, но сметам дека цената на грозјето и понатаму е ниска, а нема ниту сигурен пласман на грозјето. Ова не е нешто со што треба да се фалат од власта, туку ова е нивна обврска која мора да ја испочитуваа“, вели тој.