Трипуновски: Тутунопроизводството нуди стабилна заработка, младите да ги искористат поволностите

Откупот на тутун годинава бележи зголемување и висока исплатливост за производителите, со што оваа гранка се наметнува како атрактивна можност и за младите.

од desk4
13 прегледи

Податоците и пораките беа соопштени при денешната посета на откупните центри во прилепско, пренесе Сител.

Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари, со вкупна вредност од околу 170 милиони евра. Исплатата кон тутунопроизводителите е реализирана во 95 проценти, а количината е за речиси 1,5 милиони килограми поголема во споредба со минатата година.

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ги повика младите да се вклучат во тутунопроизводството, оценувајќи го како профитабилна и предвидлива дејност.

„Навистина рентабилноста во оваа гранка е доста голема и нормално сигурноста во делот на производството е предвидлива, односно знаете кога ќе произведете, кој ќе го купи и по која цена. Субвенциите се тука како категорија која помага, плус дополнителните поддршки од оваа година, зелената нафта во сериозна количина за секој тутунопроизводител, како и површинската мерка од 6.000 денари по хектар. Сумирано, тоа е јасен показател дека оваа гранка има иднина и ги охрабрувам младите да влезат во процесот“, истакна Трипуновски.

Од Сојуз на тутунарски здруженија очекуваат дека со измените на Законот за тутун ќе се зајакне улогата на Сојузот при склучувањето договори со откупувачите.

„Работната група што го подготвува Законот за тутун предвидува новини со кои Сојузот ќе добие ингеренции, без согласност од Сојузот и откупувачите да не можат да започнат со склучување нови договори. Сметам дека има шанси тоа да се реализира и ќе инсистираме интересот да биде заштитен, и на тутунарите и на компаниите“, изјави Кире Ристески.

Според Сојузот, на терен остануваат уште околу 300 тони тутун, а откупот е планирано да трае до 28 февруари.