Трипуновски во улога на инспектор им „држи лекции“ на вработените во подрачната единица во Берово (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
396 прегледи

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Со себе тој носеше и човек да го снима целиот процес.

Не се најавил претходно, сакал да се увери дали сите вработени се на своите места и дали работат како што треба.

Откако се запозна со вработените, ги дозна нивните имиња и позиции, одлучи да го посети и началникот.

 

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/179506756774099/

Слични содржини