Инстаграм моделот Сидни, како гостин на подкаст на Јутјуб, откри дека се гледала и била интимна со Тристан Томпсон на почетокот на годината. Таа тврди дека Тристан потврдил дека е слободен, но дека го прекинала контактот со кошаркарот штом дознала дека тој е во врска со Клои Кардашијан.
По големиот скандал меѓу Клои Кардашијан, Тристан Томпсон и Џордин Вудс во 2019-та, Клои реши да прости на измамите и да го пушти таткото на нејзината ќерка Тру назад во нејзиниот живот. Врската наводно била обновена во јули 2020 година, а сега излегоа и нови обвинувања за измама. Сидни ги откри деталите за нивното пријателство.
„Тој беше многу добар“, рече таа на подкаст откако еден пријател ја предизвика да открие детали.
Кардашијан во последно време објавуваше фотографии од нејзиниот веренички прстен со огромен дијамант, а Тристан во коментари и остава различни реакции.
„Никој не гледа во твоите нокти покрај толку голем дијамант. Каков прстен“, коментираат нејзините обожаватели под објавата.
Тристан се појавува во новите епизоди на популарното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“ за кланот Кардашијан-Џенер, а многу фанови коментираат дека сè уште не веруваат во „прељубата“.
Клои сè уште не се огласила за ситуацијата, ниту ја потврдила измамата на нејзиниот свршеник.