Објавена снимка и ФОТОГРАФИИ од раѓањето на синот на Клои и Тристан

од Stefanija Kuzmanovska

Клои Кардашијан, една од популарните сестри Кардашијан, доби второ дете со кошаркарот Тристан Томпсон.

А можеби ова би била обична вест од светот на шоубизот, доколку ријалити ѕвездата не го остави Томпсон затоа што неколку пати ја изневерувал, а на крајот од претходната година доби дете со друга жена.

Тие го започнаа процесот на добивање второ дете преку сурогат мајка пред Кардашијан да дознае за неговата афера, а неодамна добија син.

Снимката од пораѓањето на сурогат мајката беше емитувана во премиерата на новата сезона на „Кардашијан“, која се емитува на сервисот „Хулу“.

Во породилното одделение, забележува „Дејли мејл“, неа ја придружувала нејзината сестра Ким.

Да потсетиме, Тристан и Клои веќе ја имаат ќерката Тру, а веста за неговото изневерување беше објавена во декември минатата година.

Слични содржини