За прв пат после многу години од набавката на „Ер-тракторите“ трите се во исправна состојба, подготвени за дејствување во случај на големи пожари, истакнаа директорот на Центарот за управа со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, и директорот на Дирекцијата за заштита и справување (ДЗС), Беким Максути, на денешната прес – конференција одржава во 11 часот во просториите на ЦУК.
ЦУК, после подолго време, последните две и пол години има извонредна соработка со Дирекцијата за заштита со која се трудиме да овозможиме граѓаните да бидат максимално заштитени, изјави Ангелов.
На прашањето сега откако се добиени противпожарните авиони, дали има можност на активирање на сензорни механизми за гасење на пожарите како што е примерот со Германија неколку други држави, Максути рече дека се работи на заеднички преку граничен проект со Албанија, каде што покрај Општините Струга и Либражд којшто покрај тоа што го покрива Националниот парк на планината Јабланица, таму веќе поставени се и сензори и камери.
Влегуваме во втората, односно завршната фаза на проектот, активни се, даваат исклучителни резултати. Ние сме отишле чекор понапред со тоа што ги споделуваме податоците со Министерството за внатрешни работи, значи се што добиваме како слики или како видео записи или пак други сигнали, ги споделуваме со МВР со цел спречување на сеча но и какви било други влијанија коишто можат да се случат во тој регион, рече Максути.
Исто така и Ангелов истакна дека како држава доста сме добри во раната детекција на пожарите и релативно брзo се дознаваат сите пожари.
Директорот на ДЗС, Максути, истакна дека согласно Законот за заштита и спасување секое лице во државата е должно да биде дел од системот за заштита и спасување и укажа дека било што и да се случува на терен, посебно во летните периоди кога температурите се енормно високи и кога опасноста од пожарите е поголема, секој граѓанин е должен да преземе мерки и да дејствижува со цел навремено гаснење на пожарите.
Сакаме да укажеме дека авионите и хеликоптерите се последната последната алатка со којашто треба да дејствуваме во случај на пожар, истакна Максути.