„Трите лава“ поставија рекорд под водство на Саутгејт

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Англија ја победи Холандија на драматичен начин со 2-1 за да се квалификува за финалето на ЕП 2024, каде ќе се соочи со Шпанија. Ова ќе биде второ последователно финале на ЕП за „трите лава“. Пред три години, избраниците на Герет Саутгејт ја загубија пресметката за титулата против Италија на пенали.

Англија се уште е непоразена во регуларното време на европските завршници под водство на Саутгејт. Серијата без пораз сега изнесува вкупно 13 натпревари и е рекорд за тим на Европското првенство.

Пред Саутгејт, Англија имаше само едно финале на големите турнири во 23 настапи – во 1966 година, кога го освои Светското првенство.

Британците се првата селекција која стигна до финалето на Европските првенства откако беа претекнати во четвртфиналето и полуфиналето.

Импресивен е уште еден факт: Англија се „протна“ во финалето со само две победи во регуларното време од вкупно 6 натпревари.

Слични содржини