Трицифрен број на новозаразени во Хрватска, тројца починаа

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Во последните 24 часа се регистрирани 104 нови случаи на коронавирус во Хрватска и три смртни случаи, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.


Во моментов има 1.112 пациенти, од кои 132 се во болница, а седум се на респиратори.

Во последните 24 часа, во Хрватска биле тестирани 1.417 лица, а досега се вкупно 108.222.

Во моментот, околу 3.600 заразени контакти се во изолација.

Од почетокот на епидемијата, вирусот е потврден кај 4.634 лица, досега се опоравиле 3.394 лица, а 128 пациенти починале.