„Троен мутант“ на коронавирус се појави во Европа, го нарекуваат „АВ.1“

од Nikola Popovski
197 прегледи

Британските здравствени власти ја предупредија јавноста за ширење на нов сој на коронавирусот, со необична комбинација на гени, во Јоркшир. Видот е означен како „троен мутант“ и на стручната јавност и е познат како АВ.1.

Индискиот сој на корона, кој создаде хаос во Индија, веќе е присутен во Велика Британија и предизвикува постојано зголемување на бројот на случаи во Лондон, и на неколку други места во таа земја. Појавата на оваа нова, потенцијално поопасна варијанта може да го загрози најавеното отворање на земјата, пренесуваат светските медиуми.

Од тие причини, Германија објави дека воведе карантин за сите патници од Велика Британија, во страв од ширење нови соеви на германско тло.

Велика Британија е една од ретките земји во светот каде што масовната вакцинација се спроведува успешно и која успеа драстично да го намали бројот на случаи со коронавирус и да го достигне самиот праг на излегување од пандемијата.

Сепак, иако британскиот премиер Борис Џонсон вети дека земјата ќе се отвори целосно во јуни, новите откритија на медицинските експерти фрлија сенка на оваа оптимистичка прогноза.

Имено, Министерството за здравство објави дека откриле ширење на нова, далеку позаразна варијанта на корона, колоквијално наречена „троен мутант“, во Јокшир и Хамбер. Од овој сој, кој го доби името „Јокшир“, а во стручната јавност е познат како „АВ.1“, 49 лица се разболеа во овие две британски провинции.

Според експертите, овој нов сој содржи три мутации – две пронајдени во сојот од Јужна Африка и претходно познат британски вид и еден, целосно нов, наречен N439K, што би требало да има врска со можноста да се заобиколи имунолошкиот одговор на човековиот организам.

Затоа, Министерството за здравство го вклучи овој сој меѓу другите на кои се посветува посебно внимание.

Сепак, бидејќи оваа варијанта е нова, односно беше откриена дури на крајот на април, научниците не се сигурни колку е повирулентна во споредба со претходно познатите соеви, кои се во оптек веќе подолго време.

Д-р Кевин Смит, од Министерството за здравство, ја смири малку јавноста тврдејќи дека оваа нова варијанта не е „особено заразна“.

„Луѓето со оваа варијанта не се посериозно заболени од другите лица заразени со коронавирусот. Ние не сме премногу загрижени“, изјавил тој.

Д-р Грег Фел, директор на Шефилд институтот за јавно здравје, ја повика јавноста да не паничи.

„Нема причина да се верува дека оваа варијанта е позаразна или полесна за пренесување. Исто така, нема докази дека е отпорна на заштитата што ја обезбедуваат вакцините“, вели тој, а пренесе „Гардијан“.

Слични содржини