Троен мутиран сој на корона се појави во Индија

од Nikola Popovski
445 прегледи

Индија откри нов троен сој на Ковид-19 во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од почетокот на пандемијата и соборувајќи го светскиот негативен рекорд за бројот на пациенти.

Индиски научници претходно предупредуваа на двоен мутантен сој, а тројниот мутантен сој ќе предизвика само уште поголеми проблеми, објави лондонски „Индепендент“.

Тројниот мутиран сој значи комбинација од три различни варијанти на коорона, кои формираа нов вид во индиските држави како што се Западна Бенга, Махараштра и Делхи и се верува дека се доминантни таму, објави „NDTV News“

Професор по епидемиологија на универзитетот Мекгил за NDTV изјави дека станува збор за позаразен сој, пренесува Танјуг.

„Многу луѓе се разболуваат од него многу брзо. Ние мора да продолжиме да ги прилагодуваме вакцините за борба против новите соеви. Мора да ја разбереме инфекцијата, за што е потребно детално секвенционирање “, рекол Мадхукар Паи.

Тој изјавил дека доцнењето во откривањето на двојни мутации придонело за големо ширење на Ковид-19 во Индија.

Во моментов, извештаите во весниците велат дека тројниот мутиран вирус е повеќе од интерес за научниците отколку загриженост.

Слични содржини