Трогателна исповед на Космонаутко: Доста е веќе, да го оставиме индивидуалното, за ниту еден да не замине во болница!

од Nikola Popovski
278 прегледи

„Земам брис на баба и дедо. Внучето на скали. Татко му е во болница. Наеднаш ми вика: – Денис, тато да го донесеш дома. *директно во срце“, објави медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, попознат како Космонаутко.

Тој апелира до граѓаните да бидат внимателни и совесни.

„Јасно ми е дека долго трае, се разбирам. Револт кон се што ни се случува, револт, кон овој и оној, револт кон светов кој одамна се движи по некоја негативна патека, каде трката по пари не е само обична трка туку газење на се што им надоаѓа на пат, трка во која здравјето на обичниот човек не е ни под точка Разно. “Целта ги оправдува средствата” за нив не разликува чесност, хуманост, заштита на човештвото и природата. За нив сме само бројка.
И само ние можеме да се спротивставиме, колку и да изгледа бесцелно. Ама само ако заедно го направиме тоа. Јас едно, ти друго…..тоа е нивната душевна храна. Море душманска храна. Нив ништо не им значат сите оние над 3000 наши роднини и пријатели а нас премногу. Се додека има подвоеност (а машала ја има јако изразена буквално во се, да се чуди човек) ние нема да излеземе од овој лавиринт, секојдневно некој ќе чека и посакува родителот, пријателот, некој роднина што побрзо да си дојде дома. Жив и здрав“, истакнува техничарот.

Според него, почитувањето на мерките кои колку и на моменти да изгледаат неефективни ќе придонесе за намалување на бројката на заразени, мора тоа да се случи.

„Втора година почнавме. Ајде конечно да помислиме на ЗАЕДНО, да го оставиме индивидуалното или барем да го ставиме на пауза додека заврши лудилово, да го издигнеме колективното, да се однесуваме како што треба и да кажеме ДОСТА Е ВЕЌЕ, АЈДЕ ДА ЈА ОПРАЈМЕ РАБОТАВА! Уште од денес, никогаш не е доцна. Таткото да си дојде дома што побрзо а ниту еден да не замине во болница“, стои во Фејсбук објавата на Космонаутко.

Слични содржини