Трогателни моменти: Криеле од Џеферсон дека неговата сопруга се породила за време на Супербол (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Лос Анџелес Ремс го освоија „Супербол“ откако во вистински спектакл ги совладаа Сининати Бенгалс, а имаше уште многу причини за славење.

Дефанзивец на „Овните“ ја запроси девојката веднаш по натпреварот, а во текот на мечот по вторпат татко стана фаќачот Ван Џеферсон.

Се се одвиваше во текот на самиот натпревар, а тоа не го знаеше пресреќниот Џеферсон додека не заврши натпреварот.

За време на паузата на полувремето кога бројни рап ѕвезди имаа спектакуларен концерт, сопругата на Џеферсон почувствува дека породувањето ќе започне и таа итно се упати во болница.

Џеферсон не бил информиран додека не завршил натпреварот, па дури по кратка прослава во соблекувалната истрчал од стадионот и отишол да ги види сопругата и бебето со ќерката.

Неговата сопруга Самарија родила здраво момче.

Слични содржини