Трогателно: Деца спасувале повредени коали од најпогодените делови (ФОТО+ВИДЕО)

од Elena Daskalova
378 прегледи

Австралиските шумски пожари и понатаму беснеат, предизвикувајќи непоправливи штети за природата, животинскиот свет, но и човечките животи.

Се верува дека од септември досега угинале најмалку 500 милиони животни, а особено загрозена е популацијата на коали. Но, жителите на Австралија и сите оние кои сакаат да помогнат, безрезервно се вложуваат себе за да можат да спасат што повеќе животни.

Кејлеб и Мика се братучеди кои заминале на Кенгурскиот остров да бараат преживеани коали и да ги спасат од загрозените подрачја. Тие планираат да им помогнат на спасените коали да оздрават, за потоа да ги вратат во дивината.

За жал, 60% од коалите кои ги пронашле или веќе биле мртви или пред умирање. Но, успеале да спасат и доволно единки, за да има надеж дека еден ден ќе се обнови популацијата на овој и онака загрозен вид.

Но, биолозите и ветеринарите ќе имаат и многу потешка задача. Голем број од животинските видови кои живеат во Австралија се ендемични и загрозени, а пожарот убил многу од нив. Поради тоа, тие мораат да се грижат за останатите единки и да се надеваат дека и шумите и животната средина ќе бидат обновени, но и дека ќе се создадат услови за размножување на преживеаните животни.

Дел од животните кои биле донесени кај ветеринарите, за жал, морало да бидат еутаназирани, бидејќи повредите биле премногу фатални за да можат да се спасат.

Слични содржини