Навивачите на Ливерпул планираат да одржат минута аплауз за Кристијано Роналдо, кој се соочува со загуба на дете, на натпреварот со Манчестер Јунајтед.
Аплаузот ќе започне во седмата минута во знакот на бројот на Роналдо на дресот.
Португалецот е уништен од семејната трагедија, па реши да го пропушти мечот на „Енфилд“ кој сигурно ќе го следи со многу емоции.
Да потсетиме, Кристијано и неговата девојка Георгина во понеделникот објавија дека нивното новородено дете починало. Георгина роди девојче, кое е петто дете на Роналдо.
Пораки за поддршка ги преплавија социјалните мрежи, а сега со нетрпение се чека натпреварот на „Енфилд“ кој се игра од 21 часот.
Liverpool fans are planning to stage a minute's applause in the seventh minute for Cristiano Ronaldo during Manchester United's visit to Anfield on Tuesday evening following the heartbreaking news of his baby son's death. pic.twitter.com/KvtHHi89sl
— SPORTbible (@sportbible) April 19, 2022