Тројца македонски државјани ја напуштија Газа

од Nikola Popovski
164 прегледи

Министерството за надворешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија.

Со нив, преку Рафах се евакуирала и мајката на децата, која има палестинска патна исправа.

 –Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани, велат од ресорот дипломатија.

Министерството за надворешни работи потенцира дека преку својата дипломатска мрежа во Кајро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани.

Слични содржини