254
Основното државно обвинителство во Подгорица донело решение за притвор на тројца државјани на Северна Македонија, со иницијали В.Д, Д.С. и Ф.Д.
Според соопштението на тамошното обвинителство, тие се осомничени дека сториле кривично дело измама.
„Наведеното кривично дело е сторено по претходно изработен план, со што од оштетениот е прибавена противправна имотна корист во износ од 1.500 евра“, велат од Подгоричкото обвинителство, пренесуваат црногорските медиуми.