Тројца млади Палестинци застрелани во Америка, еден тешко ранет

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Тројца млади мажи од палестинско потекло кои присуствувале на собирот по повод на Денот на благодарноста во градот Бурлингтон, во близина на Универзитетот Вермонт во САД, биле застрелани и ранети, од кои еден потешко, соопшти во неделата локалната полиција, наведувајќи го она што изгледа како злосторство од омраза.

По нападот кој се случил во неделата околу 18:25 часот, полицијата започна потрага по осомничениот, изјави за АП началникот на полицијата Џон Мурад.

Двајца од ранетите млади се во стабилна состојба, а третиот се здобил со „многу посериозни повреди“, изјави началникот на полицијата.

Тој објасни дека тројца млади момчиња, сите на околу 20 години, шетале низ градот кога белец со пиштол ги забележал и отворил оган врз нив, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини