Тројца мотоциклисти вчера во различни ситуации задобиле тешки телесни повреди, соопшти МВР во денешниот полициски билтен.
Вчера околу 15:10 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско-Прилеп, Г.Ш.С.(28) oд Република Турција, со привремен престој во с.Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Доцна вечерта вчера, во 23:17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат за с.Дедебалци во насока кон с.Путурус, општина Могила, 14-годишник од с.Добромири, општина Новаци, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
Исто така вчера – 19:10 часот – во Полициската станица Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево–Гостивар, 51-годишниот Ш.Р. од с.Доброште, тетовско, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.