Тројца полски тинејџери ранети со нож од соученик во средно училиште

од Radmila Tasevska
209 прегледи

Осумнаесетгодишен ученик нападнал со нож и ранил тројца соученици во средно училиште во градот Катажина, во североисточна Полска, соопшти денеска портпаролката на полската полиција Катажина Кучарска.

„Нападот се случил за време на настава, а двајцата избодени, тинејџер и тинејџерка се хоспитализирани и се во тешка состојба, додека на третиот му била укажана помош на лице место“, рече Кучарска.

„Тинејџерот напаѓач е уапсен, а полицијата и обвинителството спроведуваат истрага“, изјави Елзбиета Лукасиевич, обвинителка во блискиот полски град Остролека.

Нападите во училиштата во Полска се многу ретки.

Слични содржини