292
Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запалил моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми.
Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра, заедно со 12 членови на египетскиот екипаж и водичот, изјавија за британските медиуми од канцеларијата на гувернерот и два безбедносни извора.
Канцеларијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од електричен краток спој на бродот, кој од 6 јуни пловел северно од Марс Алам.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа бела моторна јахта во пламен во морето, додека густ чад се крева високо кон небото.