Шпански суд осуди тројца мажи обвинети за силување на осумгодишно девојче, од кои едниот е нејзиниот татко, на затвор без можност за кауција, објавија локалните медиуми.
Случајот го пријавила мајката на девојчето, која се јавила во полиција по пристигнувањето дома.
Таткото на девојчето, 38-годишен Боливиец, бил уапсен, како и уште двајца мажи од Еквадор и Колумбија, кои живееле во истата куќа, објави RTVE.
Експертите велат дека во повеќето случаи, сексуалното насилство врз децата го вршат луѓе во семејниот круг или лица на кои децата им веруваат.
Ова потврдува и друг случај што се случи во Шпанија оваа недела, кога суд во Кантабрија осуди маж на 16 и пол години затвор за повеќекратно сексуално напаѓање на 10-годишната ќерка на неговата партнерка и снимање на нивниот сексуален однос, објави RTVE