Тројца играчи на Ливерпул мета на расизам по мечот со Реал

од Stefanija Kuzmanovska

ЛИВЕРПУЛ синоќа загуби од Реал Мадрид со 3: 1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а веднаш по натпреварот, тројца играчи беа на мета на расисти.

Трент Александар-Арнолд, Наби Кеита и Садио Мане се огласија на Инстаграм, а во коментари, поединци одговорија со емотикони на мајмун.

Веста ја објави „Скај Спорт“ и додаде дека Фејсбук, сопственик на Инстаграм, ќе истражува што точно се случило и ќе ги санкционира расистите.

Клубот испрати соопштение во кое најостро го осудува расизмот.

„Уште еднаш, за жал, зборуваме за грозоморна расна злоупотреба ден по фудбалски натпревар. Тоа е крајно неприфатливо и мора да престане. Ливерпул ги осудува сите форми на дискриминација и ние продолжуваме да работиме со нашите партнери за вклучување преку нашата иницијатива „Црвени заедно“ за борба против нес. Ќе работиме со релевантните власти за да ги идентификуваме и, ако е можно, да ги гониме одговорните. Знаеме дека ова нема да биде доволно се додека платформите на социјалните медиуми и регулаторните тела што управуваат со нив не преземат најсилни можни превентивни мерки. Сегашната состојба не може да биде дозволена и на сите нас е да осигуриме тоа да не биде така“, соопштија од „Енфилд“.

Слични содржини