Тројца кошаркари на Олимпијакос ќе бојкотираат, не сакаат селектор од Панатинаикос

од Aleksandar Petrovski
233 прегледи

Јоргос Принтезис, Костас Папаниколау и Антонис Коњарис, кои играат за клубот Олимпијакос, најавија дека нема да играат за грчката кошаркарска репрезентација, затоа што за нов селектор е поставен човек кој е тренер на ривалот Панатинаикос.

Американскиот стручњак Рик Питино ќе ги води Грците во квалификациите за Олимписките игри, а иако уште не е седнат на селекторското столче, ќе треба да решава еден голем проблем.

Омразата помеѓу атинските ривали ги надминува границите на нормалата, а доказ е и оваа најава на тројцата играчи, од кои двајца се меѓу најголемите ѕвезди во грчката кошарка. И во грчката федерација се изненадени, бидејќи не очекувале дека Питино ќе прифати работа во популарниот ПАО. 

Слични содржини