Тројца мртви во пукање во Колорадо

од desk2
68 прегледи

Двајца мажи и една жена се убиени во среда вечер за време на пукање во Walmart Supercenter во предградието Торнтон на Денвер, Колорадо, САД.

„Пукањето се случило внатре во продавницата“, вели полицаец од Торнтон.

Надлежните се во потрага по маж кој влегол во продавницата и пукал каде ќе му текне во близина на касата, при што погодил тројца.

„Веруваме дека неговото пукање е без посебна цел“, вели полицаецот.

Пред суперцентарот се наоѓаат бројни амбулантни возила.

Џенифер Бингладс вели дека нејзината сестра се јавила од продавницата и рекла дека слушнала седум или осум истрели.

Торнтон се наоѓа на север од Денвер.