Тројцата обвинети за насилните протести за пресудата за предметот „Монструм”, на денешното прво судско рочиште ја признаа вината.
Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси ја признаа вината, а судијата Марин Станевски наведе дека обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба.Воедно и постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за прогон.
Според Обвинителството, обвинетите на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица.
Обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.
Следното рочиште за обвинетите Артон Садики и Фабио Идризи, кои, како што се изјаснија, не се чуствуваат виновни, ќе продолжи на 31 март.