Тројца од обвинетите се наоѓаат во самоизолација, одложенo судењето за „Титаник“

од Берта Китинска

Основниот кривичен суд-Скопје соопшти дека судењето за случајот „Титаник“ наместо утре ќе продолжи на 17 ноември.

Причина за одложувањето е тоа што тројца од обвинетите се наоѓаат во самоизолација. Во случајот „Титаник“, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и за злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Слични содржини