Тројца осомничени за обидот за убиство на јавниот обвинител од ОЈО Гостивар

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Три лица се осомничени и приведени за физички напад со остар предмет врз Х.И.(39) од село Форино, Гостиварско, јавен обвинител во ОЈО Гостивар, што се случил утрово, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, утрово во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од с.Церово, Тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.

-Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат” за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, стои во соопштението од Министерството.

Слични содржини