Тројца полесно повредени во сообраќајки во Скопје

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 Три лица се полесно повредени во три од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала осумнаесет возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци и четворица возачи за неправилно престројување. Од сообраќај се исклучени и 15 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и седум нерегистрирани возила. Затекнати се и 68 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 93 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели цветови“, објект „Кокиче“ во општина Кисела Вода.