Во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во Битола, Спанчеви и во Скопје, повредени се тројца, а меѓу нив и еден полицаец, намерно прегазен.

Вчера во 17.20 часот во Битола на крстосница од улица „Никола Тесла“ и улица „Солунска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Лада Нива“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.С.(24) од село Лисолај, битолско и моторцикл „Томос АПН“ исто така со битолски ознаки управуван од Р.Ј.(52) од Битола.
Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Р.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
Во 20.45 часот на локалниот пат село Тркање – село Жиѓанци, во атарот на село Спанчево, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од С.М.(48) од село Новоселани, кочанско и Трактор „ИМТ 539“ управуван од М.Н.(62) од село Спанчево.
Во незгодата, М.Н. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
Истиот ден, околу 23 часот во Скопје, на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ со улица „Франклин Рузвелт“, од страна на полициски службеници се преземале службени дејствија за контролирање на возачи кои управуваат моторцикли. При обид да се сопре и контролира возач кој управувал мотор „Јамаха“ без регистарски ознаки, истиот не застанал на даден знак и со предниот дел од моторот удрил во еден полициски слижбеник при што со моторот паднал на коловозот.
Од ударот полицискиот службеник се задобил со повреди и со возило на Итна мединска помош е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. Мотоциклистот, лицето Р.К.(22) од Волково, е приведен и се работи на расчистување на случајот.