Тројца жители на Скопје каснати од кучиња-скитници

од Nikola Popovski
299 прегледи

Веќе станаа секојдневие пријавените случаи од граѓани каснати од кучиња скитници.Тројца граѓани пријавиле дека доживеале ваков непријавен настан во текот на изминатите 24 часа.

„На 19.06.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.П.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Разловечко востание“ била касната од куче скитник.

На 19.06.2021 во СВР Скопје, И.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Пат за Китка“ бил каснат од куче скитник.

На 19.06.2021 18.10 часот во СВР Скопје, Г.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Франц Прешерн“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник“, стои во дневниот билтен на МВР.

 

Слични содржини